Ако детето има мачнини по пат, овие четири работи докажано помагаат!

Прочитај за: 2 минути

Овој тип на болест може да се појави кај децата во секое време, без разлика дали тие патуваат со автомобил, автобус или авион. Доколку вашето дете е склоно кон мачно  патување, најдобро е да се консултирате со педијатарот за лековите што може да ги користи, а за нормални ситуации обрнете внимание на овие неколку работи.

Внимавајте што јаде вашето дете пред и за време на патувањето.Не дозволувајте детето да патува на празен стомак бидејќи поверојатно е да се јави гадење доколку детето не јадело ништо. Оброкот пред патувањето треба да биде лесен, а корисни се и почестите мали оброци за време на патувањето, по можност бисквит или парче леб и ролат.

Избегнувајте мрсна храна пред патувањето, како и големи промени во вообичаените оброци. Соковите и киселото овошје не се добар избор за јадење пред и за време на патувањето бидејќи нивната киселост и сладост може да го иритираат чувствителниот стомак при движење. Водата или незасладениот билен чај треба да бидат единствениот пијалок на детето на патувањето.

Редовно проветрувајте го автомобилот кога возите, бидејќи свежиот воздух може да го намали гадењето. Мотивирајте го детето да гледа низ прозорецот и во далечината. Зборувајте за планините, шумите и за она што претстои за да му помогне да го тргне умот од тоа.

Прекумерната активност може да го зголеми гадењето

Добро е патувањето да го организирате во периодот кога детето најчесто одмара или спие. Преголемата активност во автомобилот може да предизвика или да ја засили мачнината. Ако детето не може да се одмори, разговарајте и тргнете го умот од мачнините. Играјте игри со зборови, решавајте загатки, но без да пишувате или да му раскажувате приказна.

Задолжително подгответе доволен број пластични кеси за можно повраќање, доколку ниту еден од овие совети не функционира. Секогаш имајте со вас пакет влажни марамчиња за чистење и капак за детето.

Помалите деца понекогаш не знаат како да најават дека ќе повраќаат, но почнуваат да се држат за грлото, да кашлаат или целосно да побледат. Кога детето ќе поврати во автомобилот, повлечете се, исчистете колку што можете повеќе и не се задржувајте премногу на тоа што се случило за детето да не се чувствува виновно. Проветрете го автомобилот, одморете се малку и продолжете понатаму.

SHARE