Ако не сакаме дебели деца, барем еден оброк би требало да биде зготвен дома

Со нутриционистката Марија Лазиќ зборуваме за проблемот на дебелеењето кај децата и за тоа што треба да се прави за да се намали оваа зголемена појава во Скопје.

Неодамнешно истражување покажа дека повеќе од третина на второоделенците се дебели. Какви грешки се прават во исхраната?
– Тоа е првенствено резултат на мрсна и висококалорична исхрана на­дополнета со газирани сокови, ве­ш­тачки шеќери… Тоа е данок на ис­хра­ната во која доминира хамбургер, хот-дог, чипс, чоколадо… односно, исхрана со заситени масти, адитиви, шеќерот… Таква храна нема никаква нутритивна туку само калориска вре­д­ност. За жал, децата се навикнати на таквата храна како резултат на разни причини. Почнувајќи од она како се хранат во семејствата, па се до тоа да се јаде она што го јадат другарите во школото… Основно е навиката. Ако таа се смени ќе се сме­ни се, но тоа е истовремено и нај­теш­ко. Да не заборавиме дека де­­бе­лината на мала возраст подоцна може да создава здравствени проблеми, да предизвика заболувања на разни органи, да предизвика дијабетес, висок крвен притисок, замастен црн дроб…

Како да се создадат нави­ки­те?
– Навиките за здрава храна децата треба да ги добијат од роди­те­лите, таму е почетокот. Родителите треба да ги навикнуваат децата на традиционален ручек на кој ќе се јаде домашно зготвена храна, кла­сич­ни јадење. Кога децата ќе се навикнат на такви јадења тогаш ќе знаат и каква храна не е добра за него. Неговиот организам нема да ја бара лошата и брза храна, нема да бара чипсови, пици, хамбургери, га­зи­рани пијалоци туку класични јаде­ња, цедени сокови, вода, јогурт… Но, кај нас е лошото што родителите за­ра­ди обврските веќе немаат време да готват дома, да има заеднички ручек, а заради што се нарачува брза храна. Колку повеќе во семејството таа се јаде толку повеќе и децата ќе се навикнуваат на неа. Барем еден оброк би требало да биде зготвен дома.

Што да јадат децата?
– Треба да имаат три оброка дневно и две ужинки. Треба да јадат леб од цело зрно, да ги одбегнуваат пецивата од бело брашно, буреци. Потребни им се кисело млеко, јогурт, сирење, заради калциумот. Потребата за шеќерот треба да се задоволува преку јадењето на различни овошја, а не преку чоколади, дури не и овошни јогурти. Воопшто не препорачувам да јадат чоколади. Таа може да се замени со една банана или ако веќе се сака да се јаде тогаш максимумот е една коцка. И пиците кои им се омилени треба да се сведат на еднаш месечно, но и тие да не се калорични, да се без мрсни шунки и слично. Уште поважно е да се одбегнуваат кечапи, мајонези во хам­бургери, тие се најлоши.
Треба да јадат, на пример за доручек, пецива со пченкарно браш­но, со цели зрна на житарици, јогурти со мала масленост, палента со парче сирење, за ужина банана, јаболка. Добро е да се јаде риба трипати неделно, месо од мисирка, а други меса многу малку и тоа да не бидат многу мрсни.

Дали здебелените деца треба да бидат ставени на диети?
– Треба да бидат ставени на посебен режим, начин на исхрана. Сите оние кои имаат проблем со вишокот на килограмите треба да би­дат ставени на здрава диета. Тоа не се некои ригорозни диети туку е ме­ну­вање на начинот на животот. Зна­чи, и овие деца можат да бидат на диета и тука возраста не игра улога.
Важно е за оваа тема да се збо­рува и во училиштата, да се обрзуваат за тоа што значи здрава храна, да се води сметка што јадат во школските кујни. Да не зборам за тоа колку е важна физичката активност и мотивацијата од самото семејство да спортуваат, да возат велосипед, тр­чаат, пешачат… Лич­но, сметам дека продавници за брза храна треба да бидат што подалеку од училиштата. Или, ако веќе постојат дуќани за брза храна, нека има и оние со здрава храна за да децата имаат избор.
izvor-skopskoeho.mk

loading...
SHARE