Алопеција – Вил Смит му удри шлаканица на водителот на Оскар поради оваа болест

(COMBO) This combination of pictures created on March 27, 2022 shows US actor Will Smith (L), US actress Jada Pinkett Smith attend the 94th Oscars at the Dolby Theatre in Hollywood, California on March 27, 2022 and US actor Chris Rock speaks onstage during the 94th Oscars at the Dolby Theatre in Hollywood, California on March 27, 2022. (Photo by Angela WEISS and Robyn Beck / AFP) / The erroneous mention[s] appearing in the metadata of this photo by Angela WEISS has been modified in AFP systems in the following manner: [Jada Pinkett Smith] instead of [Jada Pink Smith]. Please immediately remove the erroneous mention[s] from all your online services and delete it (them) from your servers. If you have been authorized by AFP to distribute it (them) to third parties, please ensure that the same actions are carried out by them. Failure to promptly comply with these instructions will entail liability on your part for any continued or post notification usage. Therefore we thank you very much for all your attention and prompt action. We are sorry for the inconvenience this notification may cause and remain at your disposal for any further information you may require. - (Photo by ANGELA WEISS,ROBYN BECK/AFP via Getty Images)
Прочитај за: 2 минути

Синоќешната церемонија на Оскар, што се одржа во театарот Долби, беше засенета од физичкиот напад на актерот Вил Смит врз комичарот и водител Крис Рок, кој ја  навреди неговата сопруга. Рок неуспешно се пошегува и ја спореди избричената глава на сопругата на Смит, Џејд Пинкет Смит, со фризурата на Деми Мур во филмот G.I. Jane и рече дека едвај чека да го сними G.I. Jane 2 .

Смит бурно реагираше бидејќи Џејд боледува од алопеција, поради што ја бричи главата и му удри шлаканица на Рок, по што следеше неколку секунди незгодна тишина. Четириесет минути подоцна, додека го добиваше Оскарот, Смит низ солзи им се извини на Академијата за филмски уметности и науки и на неговите колеги, а го изостави Рок. Академијата по церемонијата објави на Твитер дека не одобрува насилство од каков било вид.

Пинкет Смит веќе неколку години јавно зборува за алопеција и нејзиното искуство со опаѓање на косата, поради што ја избричи главата. Во едно интервју, таа раскажа колку на почетокот и било тешко и застрашувачко да се соочи со губење на косата. „Се туширав и одеднаш рацете ми се наполнија со коса. Се исплашив, но го прифатив тоа и почнав да се шишам на нула, рече Пинкет Смит.

Причини за губење на косата кај жените

Постојат неколку видови опаѓање на косата, а најчести се андрогената алопеција и телоген ефлувиум. Андрогената алопеција е вид на опаѓање на косата што е претежно
генетско и влијае на половина од мажите и жените. Луѓето со андрогена алопеција имаат повисоки нивоа на хормони наречени андрогени во фоликулите на косата. Овие
андрогени не само што го скратуваат циклусот на раст на косата, туку предизвикуваат и пократки и потенки прамени коса кои не почнуваат повторно да растат веднаш по
опаѓањето. Телоген ефлувиум е уште еден вид губење на косата и тоа е прекумерно опаѓање. Иако неговата точна стапка на појава не е позната, телоген ефлувиум се смета дека е доста чест кај возрасните во одреден период од животот. Некогаш е акутен, се јавува за краток временскипериод, а во други случаи е хроничен или  долготраен.

SHARE