Април – месец за подигање на свеста за аутизмот

Прочитај за: < 1 минута

Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот се одбележа на 2 април, а во некои земји и целиот месец април е посветен на подигање на свеста за нарушувањата од аутистичниот спектар.

Лицата со нарушување од спектарот на аутизам (ПАС) имаат право на самоопределување, независност и автономија, како и право на здравствена и социјална заштита, образование и вработување на еднаква основа со другите.

Тие не смеат да се соочат со дискриминација кога бараат медицинска нега и мора да имаат пристап до системите за поддршка, потребни за да останат во нивните домови и
заедници во време на криза, наместо да се соочуваат со можности за присилна институционализација. Нарушувањата од аутистичниот спектар не се болест, туку
доживотно развојно нарушување.

Станува збор за широк спектар на нарушувања, секоја дијагноза е различна и секоја личност во спектарот има различни симптоми и потреби. Затоа се користи зборот спектар затоа што овој „чадор“ го покрива целиот спектар (Аспергеров синдром, Рет-ов синдром, ДДС – Детски дезинтегративен синдром / Хелеров синдром / Неодредено продорно развојно нарушување).

SHARE