Банани да, но сиров спанаќ е ризик да се јаде, Српски биохемичар ги разбива заблудите околу сировата храна

сиров спанаќ ризик

Колку пати сте слушнале за овие 4 правила кои би требало да ги почитувате ако сакате да сте здрави?

1. Не јадете црвено месо, тоа е канцерогено

2. Јадете само сирова храна

3. Користете Б17 против ракот

4. Вакцините се опасни

Професор др.Зоран Вујчиќ редовен професор на Хемискиот факултет во Белград има свој блог кој го отворил со цел да се разбијат митовите за лековитите препарати, „епохалните“ откритија, сите дилеми во врска со правилната исхрана, „чудотворните“ лекови, здравите и штетните навики. Таму тој се фаќа во костец со сите оние неаргументирани и неточни информации кои со години наназад се појавуваат во медиумите и на социјалните мрежи.

Идејата да пишува на оваа тема ја добил од интеракцијата со неговите студенти кои, како што вели тој, му доаѓале со заблуда дека на пример, жолтиот шеќер е поздрав од белиот, дека млекото со варење може да се претвори во сулфурна киселина, дека петролејот може да излекува рак. Сепак, главна причина бил коњскиот шампон, кој почнал да се продава како чудесен шампон од кој на ќелавите ќе им порасне коса. Неговата сопруга тогаш му рекла дека би морал да напише нешто за луѓето да не им веруваат на тие глупости. Така се родила идејата за неговиот блог, иако, како што вели, фејсбук е уште поефикасен во вистинската борба против разни измамници кои продаваат Б17, петролеј, сомнителни капсули од се и сешто против рак, шеќерна болест и други здравствени проблеми.

Според проф. Д-р.Зоран Вујчиќ, не постои здрава исхрана туку таа може да е само помалку или повеќе нездрава. Како што вели, сите сакаме квалитет, но никој не сака да плати. Кокошката што трча низ двор и клука мора да чини 3 пати повеќе од дегенерираните хибриди чие месо е како да јадете мокра хартија.

Исто тајка, Вујчиќ смета дека сировата храна не е здрава од повеќе причини, пред се, заради манипулациите и транспортот под исклучителбо нехигиенски услови. Замислете, вели тој, кога ќе купите од оние кокосови ореви кои веќе буѓосале на рафтовите од маркетите, или сте купиле зеленчук на кој му се симнува слој по слој доека скапува на тезга. Сега, вели тој, замислете се тоа да изматите и направите смути кое ќе му го дадете на детето да го испие како здрав напиток. Се знае што може да се јаде сирово (на пример, банани, но никако спанаќ). Со варење многу хранливи состојки стануваат подостапни, а се убиваат и многу патогени бактерии. Месото не е ништо поздраво, ниту понездраво од зеленчукот. Месото е полно со хормони, а антиниотици и можни микотоксини. Зеленчукот е значително побогат со микотоксини, тешки метали, хербициди и пестициди. Токму како што и сме и ние полни со сите тие хемикалии.

Црвеното месо вели тој е штетно доколку е тоа единствена храна. Претерувањето е клучот за генерирање на повеќето проблеми. Месните преработки се индустриска храна полна со адитиви, непотребни додатоци, палмино масло, стабилизатори, згуснувачи, вештачки бои и слично. Секако дека не е се канцерогено, но некои супстанции едноставно се. Еве што им е заедничко на сировиот спанаќ (и на варениот но во помала мерка) и на колбасите, кренвишлите и паштетите – натриум нитрит. Дали е канцероген? Без сомнение. Се е секогаш во дозата, а колку повеќе се внесува, ризикот е се поголем.

loading...
SHARE