Во Грција потврдени вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници

Прочитај за: < 1 минута

Во Грција, заклучно со 4 август, потврдени се вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници, сите мажи на просечна возраст од 37 години, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописичката на МИА од Атина.

Во изминатата седмица регистрирани се седум нови случаи, со оглед на тоа дека минатиот четврток бројот на потврдени случаи беше 32.

Според ЕОДИ, 33 отсто од вкупниот број, односно 13 случаи пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

Заразените се на возраст од 22 до 59 години и веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

SHARE