Во минатото афричкиот вид на жаба Xenopus laevis бил користен како тест за бременост на жените

Своевремено (меѓу 1930-тите и 1950-тите), афричкиот вид на жаба Xenopus laevis бил користен во понапредните лаборатории во светот како тест за бременост на жените.

Како функционирало? Докторот зема примерок од урина од жена која се сомнева дека е бремена, а урината се носи во лабораторија снабдена со овие жаби. Лабораторискиот техничар вбризгува од урината во задните нозе на женка жаба и ја враќа жабата во својот аквариум.

Ако техничарот открие дека следниот ден жабата положила јајца во аквариумот, тоа значи дека жабата овулирала и дека жената чија е урината е бремена. Зошто жабата положува јајца?

Научниците откриле дека урината содржи хормон hCG (хуман хониоричен гонадатропин), којшто пак ја активира овулацијата кај жабата и таа положува јајца (неоплодени, нормално).

Тестот се нарекувал Хогбен тест и 100% од времето бил точен. Плус тоа, бил далеку поголемо подобрување од претходниот тест што се користел, којшто бил екстремно брутален. Претходно се користеле глувци и зајци за вбризгување на урината. Но, за да откријат дали во јајниците на овие животни има промени, морале да ги заколат и отворат. Со Хогбен тестот, жабите можеле да се користат повеќе пати, што значело заштеда на ресурси и време.

Кон 1960-тите, фармацевтските компании почнале да создаваат тестови со личен прибор, но личеле на прибори со хемикалии и поради тоа не биле многу практични за користење, сè до 1988 година, кога во аптеките излегува првиот модерен личен тест за бременост, како оној што го знаеме денес.

Извор: Smithsonianmag.com

loading...
SHARE