
Германец од Магдебург (60) е осомничен дека од летото минатата година примил дури 87 вакцини во повеќе центри за вакцинација, како и дека фалсификувал пасоши за
вакцинација и ги продавал на други лица.
Германската полиција покрена истрага против маж од Магдебург поради незаконско издавање потврди за вакцинација и фалсификување документи. Тој беше препознаен во Центарот за вакцинација во Ајленбург на почетокот на март, кога сакал повторно да
прими нова доза.
„Имаше нејаснотии, бидејќи претходниот ден веќе беше вакциниран на истото место“, велат од полицијата. Кај него биле пронајдени празни пасоши за вакцинација, како
и неговата здравствена книшка. Тој секогаш се претставувал со своето вистинско име и податоци, што може да се види од системот, според кој примил 87 вакцини против коронавирус од различни производители.
Овој рекордер во вакцинација примал до три вакцини во одредени денови. Секогаш покажувал празен пасош за вакцинација. Неодамна медиумите објавија дека Словенец од истите причини примил 23 дози од вакцината против Ковид.