Ги мрзело да читаат протоколи од 30 страници!

Прочитај за: < 1 минута

Министерот за здравство Беким Сали изјави дека дел од медицинските институции и лекарите не ги следеле протоколите за лекување на Ковид, за што рече придонело кон високата стапка на смртност.

Искрено жалам поради тоа што одредени лекари и институции не го следеле протоколот и дејствувале врз основа на кратки протоколи кои ги позајмувале од соседни држави. И тоа не е грешка, но не можеме да речеме дека нема протокол кај нас. Ние можеби сме само мрзливи да читаме протокол од 30-ина страници, изјави Сали во интервју на Канал 5.

Изјавата на министерот следува откако Македонија имаше еден од најтешките денови во актуелниот бран на омикрон варијантата на вирусот. Дури 22 пациенти починаа од Ковид во изминатиот ден, а уште 12 пациенти кои починале во првата недела на февуари, но не биле објавени на време, се вклучени во денешниот извештај.
Бројот на новозаразени е исто така многу висок – над 1,550 случаи од 4,153 спроведени тестови.

Министерот ја уверуваше јавноста дека омикрон бранот е во „благо опаѓање“, но ги обвини граѓаните за ниската стапка на вакцинација. „Гледаме пациенти кои се жртви на пропаганда, за која што е необјасниво зошто се прави. Теории на заговор, неспособност“, изјави Сали.

SHARE