Ги намалува шеќерот и холестеролот: Глуварчето се нарекува златно растение, а неговиот корен е чудотворен лек

Прочитај за: < 1 минута

Глуварчето е златно растение, не само поради изгледот на цветовите, туку и поради лековитото дејство што го има. Во народната медицина се користат сите делови од растението, а еве како можете да го искористите коренот за намалување на шеќерот и холестеролот во крвта.

Коренот од глуварче најпрво делува како диуретик и има благо лаксативно дејство, односно ја стимулира столицата и го исфрла вишокот течност од телото. Најдобро е да се користат корени од глуварче постари од две години, но и пред цветање – кога ќе процвета, најголемиот дел од хранливите материи од корените се насочени кон цветот.

Коренот на глуварчето најчесто се суши, пече и се рони и на тој начин се користи за медицински цели – го намалува холестеролот, богат е со антиоксиданси, ги уништува
бактериите, го намалува ризикот од воспалителни процеси и е добар за имунитетот. Лек за намалување на шеќерот: измешајте 30 грама корен од глуварче со 30 грама листови од боровинки, 15 грама семки од анасон и 30 грама семки од тилчец (пискавица). Добиената смеса измешајте ја, па една лажица од смесата прелијте ја со 250 мл зовриена вода. Оставете да отстои околу 10 минути, процедете и пијте по две шолји чај дневно.

Природните лекови не се замена за терапијата што ви ја препишал лекарот, но помагаат да го подобрите вашето здравје и да го зајакнете организмот. Пред да користите природни лекови, консултирајте се со лекар кој е упатен за вашата здравствена состојба.