Го пиете за имунитет, а тој ве дебелее!

Прочитај за: < 1 минута

Ако сакате да го зајакнете имунитетот, не верувајте на секоја етикета што ќе ја видите, а ќе ви го вети тоа.

Експертите веќе долго време зборуваат за важноста на витамините и минералите, па дури и бесплатните животни навики што ќе го зајакнат имунитетот. Но, има една грешка во исхраната која може да го ослабне.

Витамините Ц, Д и А се важни за имунитетот и најдобро е да ги добивате од свежо овошје, зеленчук и друга храна. Никако од овошен сок.

„Купениот сок не е добар за здравјето на вашиот имунитет, бидејќи е голем извор на шеќер. Содржи фруктоза, која придонесува за нерамнотежа на хормоните во стомакот и доведува до формирање на масни наслаги, како и гликоза, која го зголемува шеќерот во крвта“, предупредува Бери Стриков, регистриран диететичар.

„Многумина ја гледаат содржината на витамини на пакувањето и помислуваат дека сокот е здрав, но истите витамини ќе ги најдете и во свежо овошје или зеленчук. Содржат повеќе здрави супстанции, а го немаат дополнителниот шеќер што често се крие во соковите“, додава таа.

Доколку сакате преку сок да му дадете стимул на вашиот имунитет, тогаш правете го тоа исклучиво со цедење на свежо овошје. Или, уште подобро е да го изедете овошјето бидејќи на тој начин ќе ги внесете и сите природни влакна кои ги содржи, а кои со цедењето завршуваат во ѓубре.

SHARE