Др Фарер: Високиот шеќер во триесеттите го зголемува ризикот од сериозни болести во староста

Прочитај за: < 1 минута

Истражувачите со години следеле 5.000 возрасни лица, редовно проверувајќи ги нивото на гликоза и холестерол во крвта. Оние со највисоко ниво на „добар“ холестерол во нивните 30-ти и 40-ти имале 15 проценти помали шанси да развијат Алцхајмерова болест до 70-та година. Додека други студии ја поврзуваат деменцијата со холестеролот и шеќерот во крвта, резултатите илустрираат дека „овие врски се појавуваат во многу порана фаза од животот отколку што претходно се мислеше“, велат истражувачите.

Др. Линдзи Фарер од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Бостон вели дека „интервенцијата насочена кон управување со холестеролот и гликозата, почнувајќи од раната зрелост, може да помогне да се максимизира когнитивното здравје во подоцнежниот живот“.

Во моментов не постои начин да се излечи Алцхајмеровата болест. Се смета дека нарушувањето, кое првенствено ги погодува постарите лица, е предизвикано од акумулација на големи количества наслаги во мозокот. Десетици студии во последните неколку децении ги поврзуваат нездравите артерии и лошото здравје на срцето со оваа состојба.

Споменатата најнова студија беше објавена во списанието „Алцхајмер и деменција“.
Претходните истражувања покажаа дека премногу шеќер во крвта може да ги оштети органите, вклучувајќи го и мозокот, со текот на времето. „Нашите наоди потврдуваат други студии кои ги поврзуваат нивоата на холестерол и гликоза измерени во крвта со идниот ризик од Алцхајмерова болест. За првпат покажавме дека овие асоцијации се шират многу порано во животот отколку што се мислеше, вели д-р Фарер.

SHARE