Д-р Даниловски распали по здравствениот систем: Ова личи на башибозук!

Прочитај за: < 1 минута

Бидејќи и јас бев министер на времето, би постапил како што постапи заменик-министерот за здравство, Илир Хасани и веднаш ќе поднесев оставка, вели проф. д-р Драган Даниловски за емисијата на ТВ 21 во која говореше за оставките по пожарот во тетовскиот кови центар и за менаџирањето во здравство.

Даниловски смета дека присуството на цивили во ковид болницата, е поради отсуство на правилен и квалитетен менаџмент.

– Тој треба да се состои од планирање на ресурси и анализа на состојбата. Дошле роднините таму. Па нема друго решение. Или ќе умре за вода или ќе стисне заби член на семејството за да му се најде на болниот. Тоа е кикс во менаџментот – додава Даниловски.

Според него, карактеристика на добар здравствен менаџмент е отчетност и одговорност.

– Не може директор на болница да не му полага сметки на првиот човек во здравствениот сектор. Кај нас ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака. Факт е дека општата состојба на нашево население е под секја критика – вели  Даниловски.

За рекордната смртност на ковид болните докторот вели дека треба да се направи анализа.

– Ние сме во врвот во светот по смртност од ковид -19, треба да се прават анализи кои се факторите за големата смртност кај нас, преголема смртност на оние што се хоспитализирани, кај нас околу 40 отсто, во САД е под 10 отсто. Зошто толку стапката на смртност е голема во однос на инфицираните – вели Даниловски.

SHARE