Д-р Чолакова: За преглед се чека со месеци, лекарите имаат големи проблеми

Прочитај за: < 1 минута

За специјалистички преглед граѓаните чекаат со месеци, а може да се случи да чекаат и дури цела година, вели претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова-Дервишова за  ТВ21.

-Во сите општини во земјава општите лекари се соочуваат со големи проблеми кога треба да закажат ехо на дојка или простата. Се жалат дека во Електронскиот систем „Мој термин“ нема слободни термини за нивните пациенти. Поради тоа не можат да утврдат дијагноза или да превенираат и да спасат човечки живот, вели претседателката на Здружението на приватни лекари.

Со овој проблем не се соочуваат само поради пандемијата, туку уште од почетокот на функционирањето на системот „Мој термин“, вели Чолакова.

Иако со децении плаќаат здравствено осигурување, сепак се принудени услуга да бараат во приватните болници, додава таа

SHARE