Една лажичка мед за подолг живот

Прочитај за: < 1 минута

Поради антибиотските својства, како и фактот дека е богат со антиоксиданси, медот е идеален за подобрување на имунитетот. Едно истражување покажа дека редовната консумација мед го ограничува покачувањето на глукоза во крвта и го намалува вкупното ниво на холестерол во организмот и триглицеридите.

Медот се препорачува да го земете и пред спиење, комбиниран со топло млеко или чај од камилица. Таа комбинација ќе предизвика опуштање на серотонин којшто потоа станува мелатонин и го регулира ритамот на спиење.

Поради антиоксидансите медот е идеален за оние кои сакаат да го прочистат организмот од токсини и убавата кожа.

Ако имате проблеми со тежината и сакате да слабеете заменете го шеќерот со мед. Освен што ќе се намали желбата за благо во организмот ќе внесете хранливи состојки кои ќе бидат корисни за вашите тренинзи и вежбањето.

SHARE