Едно јајце на ден спречува формирање на тромб и намалува ризик од срцев yдap

Прочитај за: 3 минути

Едно јајце на ден може да ви го промени животот, спречува формирање на тромб и ризик од срцев yдap
Студија вклучена во речиси половина милион луѓе во К ина покажа дека едно јајце на ден може да го намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен у дар. Експертите посочуваат дека к онсумирањето на варени јајца мора да биде дел од животот за да има позитивни ефекти.

Сепак, се чини дека исчезнуваат стравувањата дека премногу јајца можат да бидат штет.ни за здравјето. „Можеме да зборуваме за многу ограничувања и предупредувања во исхраната, но главната порака на оваа голема студија во К ина е дека едно јајце на ден не го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, но може дури и да има позитивно влијание врз здравјето“, вели професорката Нита Форуи од Кембриџ.

Повеќето лекари препорачуваат јајца како дел од здравата исхрана, бидејќи е природна храна со најголема хранлива вредност – содржи високо ниво на протеини, витамини А, Д, Б и Б12, како и лутеин и зеаксантин кои помагаат во спречување на оште.тување на очите во староста.

Доволно е да јадете едно јајце на ден за да ги почувствувате лековитите ефекти. Можеби единствената забелешка треба да биде, вели д-р Филипс, дека прекумерната кон-сумација на одредена храна значи помалку внесување на хранливи материи од друга храна.

Секако, во исхраната треба да има баланс и да не се јаде само една одредена храна. Експертите препорачуваат дека е доволно да јадете едно јајце на ден за да останете здрави. Јајцето е ретка храна која го содржи витаминот Д.
(Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска)

Исто така, иако јајцата се „одличен извор на протеини“, д-р Филип предупредува дека внесувањето на овие белковини може да ги преоптовари бубрезите. Секако, овде повторно решението е баланс.

Холестерол

Според последниот совет на британската здравствена служба, „иако јајцата содржат малку холестерол, количината на заситени маснотии што ги јадеме има поголемо влијание врз нивото на холестерол во кр-вта отколку холестеролот што го добиваме од јајцата“.
Со други зборови, кога станува збор за холестерол, јајцата не се проблем – заситените масти се. Затоа е важно како ги внесувате. Наједноставн и најхранливите се варените јајца.

Повеќето нутриционисти не препорачуваат пржени јајца, поради зголемените маснотии и поголемиот внес на холестерол. Никогаш не купувајте скршени или испукани јајца бидејќи може да се заразени со нечистотија или бактерии.

Eдно големо јајце, со тежина од околу 60 грама, има енергетска вредност од 75 килокалории (Kcal) и обезбедува околу шест грама маснотии и 6,25 грама протеини (околу половина доаѓа од белките). Протеините од белките се со таков квалитет што се користат како стандард за мерење на квалитетот на протеините во друга храна.

Јајцата се лесно сварливи, а нивната биорасположивост (ефикасноста со која се користи протеин за раст) е 93,7 %, во споредба со 84,5 % кај млекото и 74,3 % кај говедското месо.

Како извор на протеини, јајцата можат целосно да го заменат месото, па дури и да имаат поголема биолошка вредност. Jajцето е релативно нискокалорично, лесно сварливо. Може да се подготви на многу начини.

Јајцата се значаен извор на хранливи материи, неопходни за оптимално здравје. Она што навистина го зголемува нивото на холестерол во кр-вта се заситените масти и транс масните киселини.

Наспроти поранешното разбирање дека кон-сумирањето премногу јајца може да доведе до срцев у дар, тие само го спречуваат, бидејќи спречуваат формирање на тромб.

Ова се случува благодарение на протеините од жолчката, кои спречуваат таложење на тромбоцити и претворање на фибриногенот во фибрин. Служи како основа за таложење на тромбоцити и формирање на тромб, кој влегува во циркулацијата и спречува проток на к рв. Лецитинот во жолчката содржи соединение холин, кое има улога во развојот на мозочните функции и меморијата.
/ Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

SHARE