ЕУ ја стави Македонија на листата со земји безбедни за патување

Прочитај за: < 1 минута

На состанокот кој денес се одржа во Брисел амбасадорите на земјите-членки на ЕУ одлучија да ја стават Македонија на листата со земји во кои е безбедно да се патува. Освен Македонија, безбедни за патување ги прогласија и Албанија, Србија, Саудиска Арабија, Либан, Тајван, Макао, САД и Хонгконг.

Амбасадорите потврдија дека во тие земји има задоволителна епидемиолошка состојба. Тоа значи дека граѓаните на тие земји може да патуваат во земјите-членки на Унијата без никакви ограничувања.

На таа листа со безбедни земји досега беа и Јужна Кореја, Тајланд, Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур и Израел, додека проширената листа на која се наоѓа и Македонија почнува да важи од 18 јуни. Сепак, секоја од земјите-членки има право да одлучи точно што ќе бара од патниците кои влегуваат таму.

SHARE