Жан Митрев: „Вирусот“ сите нѐ раздрма!

Прочитај за: < 1 минута

– „Вирусот“ сите нѐ раздрма и нѐ потсети дека мора да бидеме многу внимателни. Дека треба да си го почитуваме и помагаме домашниот потенцијал. Нема сега ни одење во странство, ни доаѓање на странски стручњаци. Сега сме ние тука и се справуваме со сѐ што треба, изјави познатиот кардиохирург Жан Митрев во април годинава.
Тој исто така додаде во интервју дадено тогаш за весникот Слободен печат:
– Знаете, имаме големо искуство со сите можни вакви состојби, но имаме развиено и разни постапки со кои дејствуваме. Секој пациент болен од срце е и имунодефицитарен, па многу лесно, по операција особено, се накалемува некоја инфекција. Со тоа и тоа како си имаме работа и можам да кажам дека добро се справуваме. Можеби и затоа се чувствуваме прилично сигурни, дека можеби и не е така страшно. Но, според сите сознанија, мислам дека станува збор за нешто што навистина е многу опасно, за состојба за која засега нема сигурен лек. Многу е вознемирувачки и тоа што лесно се шири и непредвидлив е резултатот, некои умираат за неколку денови, други се шетаат со вирусот без никакви проблеми.

Од друга страна, уште полошо влијае врз расположението, предизвикува депресија и чувство на катаклизма. Тоа ме плаши повеќе од она што никој не знае како ќе биде понатаму…
Дали доктор Митрев беше во право?

SHARE