Жан Митрев: Не се водиме од идејата за профит, наплаќаме колку да ги вратиме кредитите и да подмириме трошоци, често правиме операции со загуба

Прочитај за: < 1 минута

Земав кредит од 20 милиони евра за да ја направам и опремам болницата и тој кредит уште го враќам. Затоа во работата кога наплаќаме се водиме од таа цел само да ги платиме ратите, каматите и да ги подмириме трошоците за плати, за трошоците при работењето.

Не се водиме од идејата за профит. Во медицината не треба да се водиш со таа идеја за профит. Многу операции ги правам и со загуба. Немам срце да им наплатам колку реално чини. Жал ми е… Особено ми е жал кога ќе слушнам како пациентите разговараат да продаваат станови, куќи, но за тие работи не се фалам и оставам јавноста да ме масакрира и да ме нарекува профитер што многу лично ме погодува…, открива Жан Митрев во емисијата Стадион на Канал 77.

SHARE