Жените се повеќе подложни на дисфункција на тироидната жлезда

Прочитај за: < 1 минута

Статистиката говори дека жените се повеќе подложни на дисфункција на работата на штитната жлезда или т.н. тироидната жлезда.

Една од осум жени во текот на својот живот може да има проблем со штитната жлезда, како и во периодот пред, во текот или по бременоста, а превенцијата, редовната проверка на нивото на тироидни хормони во крвта, навремената дијагноза и лечење претставува најдобар начин за да се намали бројот на заболувања на оваа жлезда.

Доколку тироидната жлезда не функционира правилно, тогаш може да се јават бројни здравствени проблеми како што се најчестите два типа нарушувања – хипотироидизам и хипертироидизам.

Хипотироидизмот е состојба во која организмот не може да продуцира доволно тироидни хормони, а како најчести симптоми се слабост, малаксаност, болки во мускулите и зглобовите, зголемена телесна тежина, забавена работа на срцето, нередовен менструален циклус или проблеми со забременувањето кај жените.

Додека пак, хипертироидизмот е состојба во која организмот продуцира прекумерно лачење на тироидни хормони, што доведува до вознемиреност, слабеење, забрзана работа на срцето и цревата, како и нарушување на менструалниот циклус.

Со оглед дека симптомите за која било дисфункција не можат секогаш да се поврзат со Тироидната жлезда, потребно е редовно следење и правење анализи.

 

SHARE