Зголемете си ја сексуалноста на природен начин – еве што да јадете!

Прочитај за: 2 минути

Примарниот машки секс хормон игра важна улога во физичкото и менталното здравје на мажите, како и на нивното ниво на енергија. Како што стареат мажите, им опаѓа нивото на тестостерон. Ниското ниво на тестостерон може негативно да влијае на либидото, да предизвика умор, па дури и депресија.

Присутен е во многу поголемо ниво кај мажите отколку кај жените и иницира развој на машки внатрешни и надворешни репродуктивни органи во текот на развојот на фетусот и е неопходен за производство на сперматозоиди.

Овој хормон му дава сигнал на телото да создава нови крвни клетки, обезбедува мускулите и коските да останат јаки за време и по пубертетот и го подобрува либидото и кај мажите и кај жените. Тестостеронот е поврзан со многу промени кои се гледаат кај мажите во текот на пубертетот.

Зошто се важни витаминот Д и цинк?

Во текот на стареење или некои хронични заболувања, нивото на тестостерон во организмот може да се намали. Последиците од намалена вредност на тестостерон се: слабо либидо, отежната ерекција, губиток на косата, умор, губиток на мускулната маса, промени на расположението и слично. Затоа е особено важно да внесувате храна со витамин Д и цинк која е клучна за создавање на тестостерон.

Туна

Туната е богата со витамин Д кој е поврзан со производството на тестостерон. Без оглед на тоа дали јадете свежа туна или од конзерва, консумирањето на ова риба е природен начин за да го зголемите нивото на тестостерон.

Јајца

Жолчката е уште еден извор на витамин Д. Иако не треба да претерувате поради холестеролот, жолчката содржи повеќе хранливи материи отколку белката. Холестеролот може да го зголеми нивото на тестостерон. Сè додека немате проблеми со холестерол, може да јадете едно јајце дневно.

Школки

Како и останатите морски плодови, школките се богати со цинк и може да ви помогнат да го зголемите нивото на тестостерон во телото.

Говедско месо

Говедското месо е одличен извор на витамин Д, а меленото говедско месо е одличен извор на цинк.

Грав

Мешункастите плодови се одличен извор на цинк. Оваа храна е полна со влакна и протеини кои го чуваат здравјето на срцето.

SHARE