ИСТРАЖУВАЊЕ Не ги носете маските N95 повеќе од два дена!

Прочитај за: < 1 минута

Ако се користат повеќе од два дена, половината од маските N95 ја губат заштитната функција, покажува едно ново истражување, објави порталот Medscape.

– Маските N95 кои се користеле два дена имаа значително опаѓање на заштитата – изјави Роналд Чек од Универзитетската болница „Св. Лука“ во Пенсилванија при презентацијата на неговото истражување во Американскиот колеџ за лекари на ургентни оддели, кој се одржал онлајн.

Истражувачите ги вреднувале маските кои биле повторно користени од здравствените работници во одделот за траума. Тие откриле дека од 58 испитувани маски, 9% пропаднале на првиот ден, 6% на вториот ден и 50% на третиот ден. На четвртиот ден стапката продолжила да опаѓа, а на петтиот ден од употребата на истата маска се истрошиле 5 од 11 реупотребени маски.

Истражувањето потврдило дека ако се користат повеќе од два дена, кај овие маски опаѓа степенот на заштита.

– Тоа сугерира дека маските N95 може безбедно да се користат само во две смени – вели Чек.

Поради недостигот од маските N95 ширум светот, здравствените работници се принудени да ги користат повторно истите маски кои се наменети за една употреба.

Тој додава дека учесниците во истражувањето користели разни средства за деконтаминација на маските.

SHARE