Како да ги исфрлите отровите од телото за 24 часа?

Ако постојано сте уморни, слабокрвни, подуени и имате проблем со циркулацијата не треба да чекате сето тоа само од себе да се среди туку на природен начин треба да му помогнете на организмот.

Пробајте три едноставни рецепти кои помагаат при чистењето на крвта и ослободувањето од тегобите.

Од нив може да направите неколку комбинации за вистински мултивитамински бомби кои ќе му ги подарите на вашиот организам.

1. Свеж сок од цвекло, компир и морков

Состав: Во блендерот измешајте ги сите состојки. Ставете го прво цвеклото, компирот, а потоа и морковот. Овој пијалак делотворно ја чисти крвта и црниот дроб од токсини.

Цвеклото помага да се зголеми нивото на железо во крвта. Морковот е богат со витаминот А и има посебни својства кои помагаат во излачувањето на токсините и вишокот течности од организмот.

Може да го пиете и како појадок, но и во текот на денот.

2. Сок од јаболко, цвекло, морков, целер и спанаќ
Состав: 1 јаболко, 1 цвекло, 8 моркови, 2 стапчиња целер, 3 шолји спанаќ

Измешајте ги сите состојки во блендер и консумирајте ги пред појадок.

Овој моќен пијалак го чисти организмот, изобилува со железо, хранливи влакна и минерали, а позитивно делува и на системот за варење.

3. Тинктура од лук и црно вино

Состав: 12 чешниња лук, ½ l црно вино (по можност домашно)

Исчистете го лукот и исечкајте го на четвртини и ставете го во тегла. Додајте пола литар црно вино и добро затворете го садот.

Чувајте го на место каде што допира сончевата светлина, околу две недели. Секојдневно по неколку пати протресувајте го, за да се измешаат состојките. По две недели, исцедете ја содржината и ставете ја во стаклено шише.

Консумирајте по 1 лажичка 3 пати дневно во период од еден месец. Овој лековит пијалак ја прочистува крвта, ги отстранува вишокот маснотии и сол од организмот, а со тоа и го забрзува метаболизмот. Ова е моќен пијалак за чистење и зајакнување на крвта, па се препорачува да се користи со пауза од 6 месеци помеѓу два третмана.

loading...
SHARE