Канал 5 ТВ затворена за „антиваксерката“ Гордана Гоџо

Прочитај за: < 1 минута

Телевизијата Канал 5 влегла во остра преписка со активистката Гордана Гоџо и здружението „Од нас за нас“ за прашањето на носење маски во училиштата.

Гоџо објави дека добила недолични одговори од телевизијата откако побарала од нив да објават нивно соопштение. Здружението „Од нас за нас“ на Гоџо се обратило до Министерството за здравство да праша за менталните проблеми кои ги трпат децата поради носење маски на училиште долго време, и по цели шест месеци добило одговор дека Министерството не располага со соодветни информации.

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРABCТВО СЕ ПОТПИША НА ДОКУМЕНТ ВО КОЈ ПРИЗНАВА ДЕКА НЕМА ДОКАЗИ ЗА ЕФИКАСНОСТА НА KOBИД ОГРАНИЧУВАЊАТА, ПА ДУРИ И ПОСТОЕЊЕТО НА САМИОТ ВИPУC KOBИД 19!

Гоџо се обидела за ова да ги информира медиумите, но го добила следниот одговор од Канал 5.

Не знам како не ти е срам да ни пишуваш нам, на медиумите и уште “се ставаш на располагање”? Дали имаш некаков образ воопшто? Поздрав, Канал 5 ТВ“

Преписката продолжила со напомена од здружението дека се работи за службен одговор од Министерството кој е од интерес за јавноста. Одговорот од телевизијата гласел: „Почитувана. Зарем треба да ви праќам видео од вашиот антиваксерски настап, за да ги видите вашите и на другите „учесници“ настапите? Дур не се извините јавно за тој настан, заборавете на Канал 5 ТВ“.

КАНАЛ 5 ОДБИВА ДА ГО ОБЈАВИ ОФИЦИЈАЛНИОТ ДОКУМЕНТ НА МИНИСТЕРОТ БЕКИМ САЛИ КАДЕ ТОЈ ПОТВРДУВА ДЕКА НЕМА ДОКАЗИ ЗА ЕФИКАСНОСТА НА KOBИД MEPКИТЕ И ГО НАВРЕДУВА НЕГОВИОТ ИСПРАЌАЧ! (ФОТОГРАФИИ)