Листа на намирници кои ви требаат да ја преживеете Апокалипсата

Прочитај за: 3 минути

Со почетокот на војната во Украина и „некои најави за нуклеарна војна“ голем број луѓе сметаат дека треба да се подготват за да преживеат, а подготовката вклучува
набавка на храна која може да трае, не се расипува и обезбедува важни хранливи
состојки. Брашното дефинитивно не е на тој список.

Meд

Медот е една од ретките намирници кои немаат рок на траење. Може да трае вечно,
главно поради фактот што се состои од шеќер и има многу малку влага, што го отежнува опстанокот на бактериите или микроорганизмите во него. Може да се случи медот да почне да кристализира, но во тој случај може да се врати во првобитната состојба со загревање.

Ориз

Според американското Министерство за земјоделство и Управата за храна и лекови на
САД, белиот ориз кога се наоѓа во сад без кислород може да трае помеѓу 25 и 30 години. Имено, едно истражување покажало дека оризот спакуван во пластична кутија или стаклена тегла нема да ја изгуби својата арома или хранлива вредност ниту по три
децении.

Путер од кикирики

Путерот од кикирики може да се чува најмалку три до пет години, иако на етикетата е
наведено помалку. Според Ричард Фолкс, постар научник од Институтот за истражување на храна на Универзитетот во Њујорк, високата количина на масти и витамин Е „ја спречува оксидацијата и го продолжува рокот на траење“. Дури и да истече рокот на траење и путерот од кикирики го смени вкусот, не е штетен да се јаде.

Грав

Долг рок на траење имаат и сувите мешунки (грав, грашок, леќа). Гравот и леќата можат да траат бесконечно ако се херметички затворени во стаклен сад, а конзервираниот грав може да трае и со години доколку се чува на ладно и суво место.

Коцки за супа

Коцките за супа, особено ако се вегетаријански, можат да траат и до една година по
истекот на рокот, се додека влагата не влезе во пакувањата. Можеби се помалку вкусни, но нема да бидат штетни.

Конзервирана храна

Конзервирано овошје, зеленчук, па дури и месо траат од една до пет години. Според
Министерството за земјоделство на САД, „конзервираната храна со висока содржина на киселина (на пр. домати и овошје) ќе го задржи својот најдобар квалитет 12 до 18 месеци, додека конзервираната храна со ниска содржина на киселина (на пр. месо и зеленчук) својот најдобар квалитет ќе го задржат две до пет години“.

Млеко во прав

Вообичаено, млекото во прав официјално има рок на траење од 18 месеци, но според
интернет страницата за храна „Spruce Eats“ тоа може да се користи од две до десет
години. Американското Министерство за земјоделство наведува дека млекото во прав е
стабилна храна и може да трае бесконечно.

Слатки

Слатки кои долго време се складирани како тврди бонбони, црно чоколадо, желе бонбони и карамели може да траат околу една година, но на пример млечното и белото чоколадо треба да се фрлат по шест до девет месеци.

Крекери

Брашното трае само една година, но брашното, солта и водата може да се комбинираат
за да се направат крекери за кои интернет страницата за храна „Survival Life“ тврди дека можат да стојат неколку години. Тврдите крекери треба да се потопуваат во вода или да се пржат во путер за да се јадат.

Сол, шеќер, оцет

Кога станува збор за вкусот, добро е да се знае дека солта не се расипува и останува
употреблива засекогаш. Шеќерот е исто така една од намирниците што не се расипуваат, иако со текот на времето може премногу да се стврдне. На крајот, ниту оцетот нема рок на траење, него од распаѓање го штити киселината.

Инстант кафе

Зависниците од кофеин не треба да се грижат, инстант кафето може да трае вечно,
особено ако се чува спакувано во замрзнувач. Според интернет страницата за храна„ Eat by Date“, инстант кафето може да има рок на употреба помеѓу две и 20 години, ако се чува на полица.

Алкохолни пијалоци

Неотворените шишиња со алкохолни пијалоци како вотка, виски и рум ќе останат
засекогаш за пиење доколку се складираат правилно. Само не треба да бидат директно изложени на топлина или сончева светлина. Ова не важи за пијалоци кои имаат дополнителни состојки како што се разни ароми и ликери.