
Младиот кромид може да помогне во регулирањето на крвниот притисок и има антиинфламаторни својства. Делува и против стрес и замор. А, ова се трите здравствени проблеми кои младиот кромид најбрзо ги решава:
1. Болки во грлото – исечете од зелениот дел на парчиња, додадете малку рендан ѓумбир и сол, па сето тоа ставете го во платнена кеса или крпа и загрејте. Додајте уште една крпа и ставете го на воспаленото место.
2. Потечени нозе – гответе го младиот кромид неколку минути, а потоа изблендирајте го со малку вода додека смесата не се претвори во паста. Оваа паста нанесете ја на отечените делови на нозете.
3. Затнат нос – Згмечете од зелениот дел на младиот кромид и во неговиот сок натопете парче памук. Нанесете го тоа на носот и во областа на синусите. Кромидот ќе ја активира слузницата и ќе ги отвори дишните патишта.