Многу вкусен и евтин чоколаден колач

Еве го рецептот за сите заинтересирани што сакаат да си го направат, нема да зажалат. Превкусен е, евтин, брз, чоколаден…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 чаши јогурт
1 ½ чаша шеќер
2 чаши брашно
2 лажици какао
½ чаша масло
1 прашок за печиво
1 чаша = 250 мл

ПОСТАПКА:

Сите состојки се мешаат во еден сад во убава изедначена смеса, да нема грутчиња. Смесата се излева во плех претходно намастен и набрашет (со средна величина).

Чоколаден колач (Фото и рецепт: Верица Ефремова Велкова)

Се става да се пече во загреана рерна на 180 степени. Се проверува дали е печено со чепкалка за заби.

Печениот колач се остава да излади, а потоа се прелива со чоколаден сируп,

ЗА ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ:

100 г чоколадо
100 г путер или маргарин
15 лажици млеко
5 лажици шеќер

ПОСТАПКА:

Сите состојки се ставаат на тивок оган да се растопат со постојано мешање. Ладниот колач се прелива со топлиот чоколаден сируп. Одозгора можете да наросите кокос или нешто по ваша желба, но и вака е превкусен.

Чоколаден колач (Фото и рецепт: Верица Ефремова Велкова)

Чоколаден колач (Фото и рецепт: Верица Ефремова Велкова)

loading...
SHARE