Му ставала вакцина, а тој ѝ ја свиткал раката – инцидент во Белград

Прочитај за: < 1 минута

Докторка од Здравствениот дом „Стари град“ на улицата Симина во Белград денеска била нападната од пациент кој за време на вакцинацијата ја фатил и ѝ ја свиткал раката, дознава Телеграф. Екипа на Брза помош набрзо дошла и ја одвела докторката на ортопедија, каде што утврдиле дека имала повреда на зглобот.

Уште не е познато зошто докторката била нападната, но добрата вест е што повредите не се големи, констатирале ортопедите од Институтот во Бањица.

SHARE