Наместо кафе, смути со куркума

Прочитај за: < 1 минута

Кога ќе помине 18 часот се поголема е дилемата дали да се напите уште едно кафе. Колку и да е здраво, во доцните часови не е препорачливо за здравјето од повеќе причини.

Ама затоа, еден здрав пијалак со боја која буди неверојатно пријатни чувства како ова смути е веќе сосема поинаква работа. Можете да го пиете како ужинка, замена за вечера, или едноставно за освежување. Пробајте и да го пиете како замена за утринското кафе.

Знаете дека пиете здрав пијалак без додадени шеќери.

Потребно е:

1 чаша кокосово млеко
1/2 чаша замрзнат ананас
1 зрела банана
1 лажица кокосово масло
1/2 лажичка куркума
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка ѓумбир во прав
1 лажичка семе од чиа
Приготвување:

Ставете ги сите состојки во мешалка и измешајте ги околу 30 секунди. Наместо кокос, можете да користите некое друго млеко, а наместо семе од чиа, може да користите и лен. Сипете во чаши и консумирајте веднаш.

Наздравје!

SHARE