Настинка или ковид-19? Еве како да ги разликуваме симптомите

корона-настинка
Прочитај за: < 1 минута

Во почетокот на епидемијата на коронавирусот во болниците ги примаа сите сомнителни на ковид-19. Доколку не се тешко болни, сега таквите пациенти остануваат дома. Меѓутоа, моментално коронавирусот се преплетува со респираторните инфекции, па луѓето не знаат како да постапат. Кога е задолжително да се посети лекар? На нашите прашања одговара познатиот руски епидемиолог Вадим Покровски.

Интернистите на преглед велат дека многу пациенти имаат само психоза, па кај себе „забележуваат“ симптоми на коронавирус таму каде што нема. Како да ја процениме сами својата состојба – кога ни е потребен лекар?

Еден од првите симптоми што мора да ве натера на внимателност е задишеноста, кога чувствувате недостиг од воздух. Но тоа е и еден од основните симптоми на хистерична реакција. Уште еден симптом на ковид-19 е губењето на сетилата за мирис и за вкус. Меѓутоа, многу луѓе ги откриваат кај себе овие симптоми дури и доколку се здрави. Затоа, за почеток е потребно да се смирите, за да ја процените реално својата состојба.

Јасно е дека не би требало да се преоптоварува брзата помош со „лажни“ повици. Но, од друга страна, ова заболување е подло, може нагло да се влоши. Кои симптоми би морале да нѐ натераат веднаш да го свртиме бројот на брза помош?

Доколку се појавиле силна кашлица, висока температура, симптоми на интоксикација – скршеност и болка во зглобовите, тоа е повод да посетите лекар. Ако е температурата повисока од 38–38,5 степени, а притоа продолжува да расте, тоа е неповолен знак. Потребна е лекарска помош.

Повеќе>> Убавина и здравје

SHARE