На Косово енормен скок на бројот на ковид пациенти тешка клиничка слика

Прочитај за: < 1 минута

Според последните податоци, 105 лица биле заразени во српските заедници на Косово и Метохија, поради што раководителот на Клиниката за инфективни болести во Грачаница, Бобан Столиќ, предупредува на многу нестабилна епидемиолошка состојба.

„Бројот на пациенти со потешка клиничка слика, односно пациенти на кои им е потребна хоспитализација, нагло се зголеми. Во моментов, 42 пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника на Клиничкиот болнички центар Приштина со привремено седиште во Грачаница, од кои девет се поврзани на кислород“, изјави Столиќ за РТВ.

Досега околу 10.000 граѓани од Косово и Метохија се вакцинирани против коронавирус, од кои 2.260 се од централно Косово.

SHARE