Не понижувајте ги вашите деца! Правила на воспитување од Тибет

Прочитај за: 2 минути

Не понижувај деца.

Општо е познато дека луѓето од Тибет се сметаат за трпеливи и смирени личности, а за тоа најмногу е одговорен нивниот посебен начин на воспитување. Децата од Тибет се самостојни и имаат поголема почит кон родителите.

Основните правила на воспитување во Тибет

Најважното правило е дека не смеете да ги понижувате или физички да ги казнувате децата. Единствената причина поради која родителите ги тепаат децата е затоа што децата не можат да им возвратат.

Првиот период трае до петтата година

Однесувајте се кон детето „како кон крал“. Не треба да му браните ништо, така само го обесхрабрувате. Ако детето прави нешто опасно, потрудете се да изгледате уплашени. Детето одлично ќе го разбере тоа. Во петтата година кај него се раѓа љубопитност и интерес кон животот. Но логиката сè уште не му е развиена, така што доколку го казнувате бидејќи скршило скапа вазна, тоа воопшто нема да ја сфати поентата, туку само ќе научи да им се покорува на посилни. Не го сакаме тоа, нели?

Вториот период трае од петтата до десеттата година

Во овој период однесувајте се кон детето „како кон роб“. Поставувајте му задачи и барајте од него да ги изврши. Можете да го казните за неуспех, но не физички. Во овој период се развива интелигенцијата кај детето. Тоа треба да знае каква реакција ќе придонесе неговото однесување кон другите и треба да изгради позитивен став кон себе. На оваа возраст клучно е да го исполните детето со знаење.

Третиот период трае од десеттата до петнаесеттата година

Како да се однесувате кон него? Како да е еднакво со вас. Советувајте се со него за сите важни прашања, поттикнувајте ја и охрабрувајте ја неговата независност. Подучувајте го преку разни примери, дискусии и совети. Доколку нешто не ви се допаѓа, насочете го на негативните последици, избегнувајќи ги притоа директните забрани. Во овој период од животот се градат независноста и самостојното размислување кај детето.

Последниот период е од петнаесет години, па натаму

Почитувајте го вашето дете. Доцна е да го менувате, па затоа единствено што ви преостанува е да ги собирате плодовите од вашето воспитување.

Кои се последиците од непочитувањето на овие правила?

Доколку до петтата година го ограничувате вашето дете, ќе му ја блокирате љубопитноста, како и неговиот интерес за животот. Ќе го научите без приговори и без размислување да им се покорува на посилните од него. На тој начин детето лесно ќе стане жртва на сите насилници.

Доколку му дозволувате сè на вашето дете по петтата година, тоа ќе стане мрзливо, без желба да извршува физички или ментални активности.

Доколку го заштитувате детето и по десеттата година, тоа ќе стане несигурно во себе.

Доколку не го почитувате детето по петнаесеттата година, никогаш нема да ви го прости тоа и при првата шанса ќе си замине засекогаш.

SHARE