Не спиел со ноќи за да игра: Почина дете-зависник од видеоигри

Седумнаесетгодишно момче, зависник од видеоигри, било пронајдено мртво во неговата соба пред неколку дена. Несреќата се случила во градот Удон Тани во Тајланд.

Родителите на Пијават Харикун рекле дека за време на празниците тој не станувал од компјутерот. Играл по цели ноќи, а дење ги спуштал завесите и продолжувал да игра во темница. Тие го молеле да престани, но не успеале да го убедат.

Неколку дена по почетокот на распустот, таткото го пронашол телото на синот, кој најверојатно паднал од столот и се срушил на подот до комјутерот. Таткото не успеал во обидите за реанимација.

Обдукцијата покажала дека Пријават починал од удар, за кој се верува дека бил предизвикан од постојаното неспиење и играње во текот на ноќта.

Неговите родители упатија предупредување до сите родители да не дозволат нивните деца да станат зависни.

Мојот син беше паметен и имаше одлични оцени, но и огромен проблем со зависност од видеоигри. Се обидов да го предупредам, ми ветуваше дека ќе намали со играњето, изјавил Џаранвит Харикун за локалните медиуми.

Во мај годинава зависноста од видеоигри и официјално беше призната за болест од страна на Светската здравствена организација.

loading...
SHARE