ОВА Е ИДЕАЛНОТО ВРЕМЕ ЗА СЕКОЈ ОБРОК ВО ДЕНОТ: Еве како да ослабете!

Прочитај за: 2 минути

Здравата и урамнотежена исхрана не е доволна за добра линија, туку е важно и времето кога јадеме, забележуваат нутриционистите

– Многумина не се ни свесни за грешките што ги прават. Некои јадат кога се гладни, па дури и кога не се, но храната им е пред очи, а некои се прашуваат како не губат телесната тежина ако имаат само еден оброк дневно. Секој од трите оброци треба да се зема во одредено време, особено ако сакаме да ја одржиме телесната тежина. Идеалниот интервал помеѓу оброците е три и пол до четири часа – пишува списанието „Нутришн“.

Појадок до 10

Би било идеално да појадувате околу половина час по будењето. Ако не сте навикнати, важно е да појадувате до 10 часот наутро и првиот оброк да е богат со протеини.

Не занемарувајте ја течноста

Покрај намалената исхрана, важен е и внесот на течности. Околу 250 мл чај за детоксикација (зелен, коприва, свила од пченка, бреза), едно исцедено овошје во литар вода, како и литар обична вода е идеален внес на течности во текот на еден ден. Се разбира, ова исто така зависи од состојбата на организмот, бидејќи премногу вода не е добра за телото.

Ручек до 16

Според нутриционистите, вистинското време за ручек е 12,45 часот. Обидете се да направите пауза од четири часа помеѓу појадокот и ручекот или да ручате до 16 часот.

Вечера до 22

Времето кога треба да го имате последниот оброк во денот е седум навечер, а најдоцна до 22 часот. Важно е да поминат најмалку три часа помеѓу вечерата и спиењето. Ако одите во кревет веднаш по вечерата, нема веднаш да заспиете, и ризикувате да имате гадење.

SHARE