Пановски: Очекувано беше Владата да се предомисли за мерките, избрзани беа и отворија многу неодговорени прашања

пановски мерки
Прочитај за: < 1 минута

Очекувано беше Владата да се предомисли за мерките, кои ги предложи Комисијата за заразни болести за задолжителна имунизација на вработените во јавниот сектор, а тоа се должи на избрзаност, недоволна анализа и многу прашања, кои Комисијата не ги одговори на јавноста вели во интервју за Телма познатиот македонски микробилог Никола Пановски.

Досега требаше да се направи скрининг за антитела кај невакцинираните, а особено кај младите луѓе. Властите треба да креираат долгорочни мерки , бидејќи во моментов недоставува силна кампања за имунизација на населението. Токму ова го користат и антиваксерите, кои постоајно ги бомбардираат луѓето и социјалните мрежи со дезинформации или полувистини, а здравствениот кадар во земјава, кој апелира и ја поддржува имунизацијата честопати јавно го линчуваат и навредуваат, вели тој.

Пановски предлага зајакнување на мерките, засилена кампањата, но и контролите за задолжително носење на маски, држење на растојаните.

SHARE