Пановски: Горештините и климите главни виновници за пикот – бројките ќе се намалат од септември

Прочитај за: 2 минути

За сега не се потребни нови мерки затоа што во споредба со она што се случуваше есента намален е бројот на хоспитализации и смpтни случаи.

Пикот со варијантата на Омикрон БА5 се случува сега и би требало да се намали до почетокот на новата учебна година, вели професорот Пановски за Телма.

СПОРЕД МОИ ГРУБИ ПРОЦЕНКИ ЗБОРУВАМ ЗА МАКЕДОНИЈА, 15 ПАТИ СЕ НАМАЛЕНИ ХОСПИТАЛИЗАЦИИТЕ И 15 ПАТИ Е НАМАЛЕНА СМРТНОСТА ВО ОДНОС НА ПРЕТХОДНОТО ЛЕТО ИЛИ ЕСЕН. ТОА БЕШЕ КОГА НАСТАПИ ДЕЛТА СОЈОТ

САМАТА ВАРИЈАНТА НА ОМИКРОН БА5 Е ПРОЦЕНЕТА НА ЕДЕН ОД НАЈБРЗО ШИРЕЧКИТЕ ВИРУСИ ДО СЕГА ШТО СЕ ПОЗНАТИ И ИСТОРИСКИ, И ОД СЕГАШНОСТА ГЛЕДАНО СЛИЧНО НА ВИРУСОТ НА МАЛИ СИПАНИЦИ ИЛИ НА МОРБИЛИ ВО КОЈА КОНТАГИОЗНОСТА Е СКОРО 100%.

ЗНАЧИ АКО ВО ЕДНА ПРОСТОРИЈА ЕДЕН ВЛЕЗЕ И ПОСТОИ ПОДОЛГО ВРЕМЕ, БИ ТРЕБАЛО СИТЕ ДА СЕ ЗАРАЗАТ ВНАТРЕ. ТОА СЕ СЛУЧУВА И СЕГА, РАЗЛИКАТА Е ШТО НЕ ОБОЛУВААТ СИТЕ. ЗНАЧИ ПОВЕЌЕТО ПОМИНУВААТ АСИМПТОМАТСКИ, ПОГОЛЕМИОТ БРОЈ НЕ ГО ПРИМААТ ВИРУСОТ БИДЕЈЌИ ИЛИ ГО ПРЕЛЕЖАЛЕ, ИЛИ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ, ЕДЕН ПОМАЛ ДЕЛ ИМААТ ЛЕСНИ СИМПТОМИ, ТОА СЕ ПОМЛАДИТЕ КОИ ВООПШТО НЕ СЕ ТЕСТИРААТ, РЕЧЕ Д-Р ПАНОВСКИ.

Најголемото ширење на вирусот сега е поради топлиот период кога луѓето, за да ги избегнат горештините, се во затворени и климатизирани простории и токму затоа вентилација на воздухот со филтри за прочистување во затворено е многу важна.

КЛИМИТЕ КОИ НИЕ ГИ КОРИСТИМЕ ГО ВРТАТ ИСТИОТ ВОЗДУХ ВНАТРЕ ЗНАЧИ НЕ ГО ПРОЧИСТУВААТ. МЕЃУТОА ВО НЕКОИ АВТОБУСИ, ОСОБЕНО ВО АВИОНИТЕ ЗА 12 ЧАСА 12 ПАТИ СЕ ПРОЧИСТУВА ВОЗДУХОТ.

ИНАКУ БИ ИМАЛО ЕКСПЛОЗИЈА НА ВИРУСОТ ВО АЕРОДРОМИТЕ БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ НОСАТ МАСКИ ИЛИ НЕ.

ЗНАЧИ ТАКОВ ТИП НА ФИЛТРИ КОИ ЌЕ ГО ВАДАТ ВОЗДУХОТ И ЌЕ ВНЕСУВААТ СВЕЖ ОД НАДВОР НАВИСТИНА БИ БИЛЕ МНОГУ ЕФИКАСНИ ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕ НЕ САМО НА ОВОЈ ВИРУС ТУКУ ВООПШТО, СО ТОА БИ СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ВО УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ, ВЕЛИ Д-Р ПАНОВСКИ.

За сега е сосема доволно да се почитуваат и актуелнните заштитни мерки. Важно е тие граѓани што се во ризичните групи да се заштитат со бустер доза, вели професор Пановски.

SHARE