Половина од заболените ја имале „стелт омикрон“ варијантата на вирусот

Прочитај за: 2 минути

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во својот неделен извештај кој се однесува за период од 14 до 20 февруари 2022 година, информираше дека над 40 проценти од заболените од корона вирусот во Македонија биле инфицирани со подваријантата БА.2 – попозната како „стелт“ или скриен омикрон.

Од 49 испитани пациенти заболени од омикрон корона вирусот, 59.2 проценти ја имале подваријантата БА.1, а останатите го имале притаениот о

Во Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ во текот на изминатата недела, кај 49 позитивни примероци на САРС-КоВ-2 од болнички и примероци од пунктовите е направено ПЦР тестирање за детекција на Омикрон сојот. Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 14 до 20 февруари од Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Струга, Кочани, Велес, Свети Николе, Штип, Виница и Гевгелија.

ВО 29 (59,2%) ОД ИСПИТУВАНИТЕ ПРИМЕРОЦИ Е ДОКАЖАНА BA.1 СУБЛИНИЈАТА НА ОМИКРОН. ВО 20 (40,8%) ОД ИСПИТУВАНИТЕ ПРИМЕРОЦИ Е ДОКАЖАНА BA.2 СУБЛИНИЈАТА НА ОМИКРОН – ПОЗНАТА УШТЕ И КАКО „СТЕЛТ“, СООПШТИ ИЈЗ.

Регистрирани сe 6.119 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 29,2% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%.

Според неделниот извештај на ИЈЗ во периодот тестирани се вкупно 23.396 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, со намалување од 11,2% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино, Скопје и Кавадарци.

Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години. Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 31,5% во возрасната група од 20-29 години и 31,2% кај лицата на возраст од 50-59 години.

SHARE