Прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Македонија

Прочитај за: < 1 минута

Во Македонија е регистриран прв сомнителен случај на мајмунски сипаници, објави Алфа од неофицијални информации.

Според извори на телевизијата најавено е прием на пациент сомнителен на мајмунски сипаници во Инфективна клиника во Скопје.

Пациентот е од Кичево, а го очекуваат да пристигне во секој момент на Инфективна клиника. Кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.

Алфа се обидела да стапи во контакт со директорката на Инфективната клиника, но засега не одговорила на повиците и пораките, додека пак дежурниот доктор вечерва на клиниката им кажал дека досега нема пријавено и регистриран таков пациент.

 

SHARE