ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ Чајот од ѓумбир може сериозно да му наштети на организмот, па дури и да доведе до фатални последици: Еве како!

Прочитај за: < 1 минута

Изгледа дека сето она што досега сме го знаеле за чајот со ѓумбир е погрешно.

Еве што знаеме дека чајот од ѓумбир може да направи: му дава виталност на телото, го забрзува метаболизмот, ги отстранува токсините од црниот дроб и ја стабилизира дигестијата, го зголемува апетитот, го прочистува црниот дроб, го подобрува помнењето, го намалува создавањето гасови во цревата, ја зголемува машката полова потенција, го раствора вишокот слуз на ѕидовите од желудникот.

Но никогаш не заборавајте дека додека едно лекува, честопати лекот друго уништува. Така е и со чајот од ѓумбир.

Нина Солокова, руски доктор и натуропат, тврди дека маслото и елементите во траги кои се дел од ѓумбирот го спречуваат згрутчувањето на крвта. Од таа причина, не би требало постојано да го пиеме овој чај доколку се подготвуваме за операција. Барем три недели пред операција, овој чај не смее да се користи.

За луѓето што страдаат од чир на желудникот, чајот со ѓумбир во големи количини може да биде смртоносен, бидејќи ја влошува болеста, а предизвикува дури и крвавење.

Овој пијалак не е ништо помалку опасен за оние што имаат камен во жолчката. Ги активира процесите во телото, па така може да предизвика и движење на каменот и ситуацијата може брзо да стане критична.

Извор: Убавина и здравје

SHARE