Проверете ја тиродината жлезда со помош на термометар

Прочитај за: < 1 минута

Американскиот ендокринолог, Брод Барнс пред 50 години откри дека температурата на нашето тело е многу добар индикатор за активноста на тироидната жлезда. Според тоа откритие, осмислил тест кој се прави веднаш откако ќе се разбудите и за кој ќе ви биде потребен само топломер.

Едноставниот тест многу често се користи ширум светот, но важно е да се напомене дека доколку вашите резултати не бидат задоволителни веднаш посетете лекар и побарајте понатамошна помош. Покрај тоа, овој тест не треба да го правите доколку сте болни или настинати. Жените не треба да го прават за време на менструација.

Како да го направите тестот?

Пред спиење добро истресете го топломерот за температурата да падне под 35 степени. Наредното утро веднаш откако ќе се разбудите, измерете температура држејќи го топломерот 10 минути под пазувите.

Резултатот потоа запишете го на лист хартија и повторувајте го овој процес три дена по ред. Нормалната температура треба да биде помеѓу 36.5 и 36.8 степени, односно оваа температура покажува дека вашата тироидна жлезда работи нормално.

Доколку температурата е пониска од 36.5 степени, тироидната жлезда работи побавно односно со намален капацитет. Ова е видливо и по симптомите: имате помалку енергија, депресија, замор, инфекции, главоболки, ниска концентрација, опаѓање на косата.

Ако температурата е поголема од 36.8 степени, тироидната жлезда работи забрзано или имате инфекција во организмот.

За заштита и правилно функционирање на тироидната жлезда консумирајте храна која содржи витамин А и Б, кортизол, магнезиум и селен.

SHARE