Пронајдена е причината за појава на аутизам, анорексија и биполарно нарушување?!

Досега најголемата спроведена студија за генските врски меѓу 25 мозочни нарушувања ги третирала геномите на милион пациенти. Истражувачите од Институтот за технологија од Масачусетс и истражувачите од Универзитетот „Харвард“ биле изненадени од добиените резултати, пренесува „Дејли меjл“.

Имено, тие откриле дека истите паметни генски фактори што создаваат предиспозиции кај поединците за постигнување подобри резултати можат да го заштитат лицето од појава на Алцхајмерова болест. Коавторот на студијата, доктор Бенџамин Нил, вели дека истражувањето почнува да го преобликува начинот на кој досега се размислуваше за нарушувањата на мозокот.

„Ако можеме да ги откриеме генските влијанија и обрасци на преклопување меѓу различни нарушувања, тогаш ќе можеме
подобро да ги разбереме основните причини за овие состојби“, рече тој. Научниците ги испитувале односите меѓу нарушувањата на мозокот и уште 17 карактеристики, на пр., годините на образование кај речиси 1,2 милион поединци.

„Ова беше неверојатен напор во размена на податоци со цел да го подобриме нашето разбирање на мозокот“, изјави
коавторот на студијата, доктор Вернери Антила. Конечните резултати покажаа широко распространето генско преклопување кај различни видови психијатриски нарушувања. Но, најсилно преклопување е забележано кај ADHD, биполарното нарушување, депресијата и шизофренијата. Слична врска е откриена и меѓу анорексијата и OCD, но и меѓу OCD и Туретовиот синдром. Наспроти тоа, невролошките нарушувања како Паркинсоновата болест и мултиплекс склерозата се различни, како едно од друго, така и од психијатриските нарушувања. Меѓутоа, мигрената е во корелација со ADHD, депресијата и Туретовиот синдром, наведуваат истражувачите.

„Ќе ни треба повеќе работа и уште поголеми примероци за да ги разбереме овие врски“, заклучи доктор Антила.

loading...
SHARE