Професор Трајковски: Со антибиотици не се лекува корона!

Прочитај за: < 1 минута

Професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој редовно прави анализи на состојбата со коронавирусот во земјава, овојпат на својот Фејсбук профил сподели стручен текст за употребата на антибиотици при лекувањето на пациенти заразени со ковид-19.

„Според Светската здравствена организација (СЗО), ковид-19 е вирус и затоа антибиотиците не треба да се користат како начин за превенција или лекување. Но, од СЗО додаваат дека хоспитализираните можат да примат антибиотик поради можна бактериска коинфекција. Значи, со антибиотиците евентуално може да се лекува некаква споредна инфекција (на пример добиена во болница), но дефинитивно не може да се користат антибиотици за лекување ковид-19. Дали антибиотиците можат да направат штета кај болните од ковид-19, не пишува. Не дај Боже тоа да било случај во македонските болници и да имало врска со високиот леталитет“, напиша Трајковски на Фејсбук.

SHARE