Развиен лек кој може да го продолжи животниот век на човекот до 200 години

Прочитај за: < 1 минута

Британски научник изјави дека новите лекови кои ги отстрануваат „зомби клетките“ во нашето тело би можеле да им овозможат на луѓето да живеат до 200 години.

 

Д-р Ендрју Стил, британски пресметковен биолог, неодамна напиша нова книга за долговечноста и рече дека новите достигнувања во сенолитици – лекови кои се фокусираат на уништување на клетките кои ја деградираат функцијата на ткивото – би можеле да го продолжат нашиот животен век.

 

Д-р Стил објасни: „Мислам дека не постои некаква апсолутна граница за тоа колку долго можеме да живееме“.

 

Тој додаде: „Не можам да видам физичка или биолошка причина зошто луѓето не можат да живеат до 200 години – предизвикот е дали можеме да ја развиеме биомедицинската наука за да го овозможиме тоа“.

 

Според MailOnline, откако започна тестирањето на сенолитичките лекови на луѓе, милијардерите, вклучувајќи ги Џеф Безос и Питер Тиел, инвестирале во лекот.

SHARE