Расте како плевел, а многу е корисна: Оваа билка ги чува црниот дроб и срцето, а се препорачува и на дијабетичари

Прочитај за: < 1 минута

Чичката е билка која расте насекаде околу нас и има бројни лековити својства. Многумина ја нарекуваат плевел, а не знаат колку таа е корисна.

Како што велат експертите, ова растение има широк спектар на делување – од превенција и лекување на гастроинтестинални до кожни болести.

Листовите на младата чичка се одличен извор на витамин Ц, а може да се користи и како додаток во јадењата. Со оглед дека количината на овој витамин е навистина голема, растението поволно влијае на имунитетот.

Чајот од цветовите на чичката има силно антиалергиско дејство кое може да спречи појава на алергиски осип.

Против стомачни и кожни болести

Чичката има силно лековито дејство и помага кај стомачните и кожните болести, како и кај гихтот. Во овие случаи најкорисен е прав од листовите кој се зема пред оброк и тоа 3-5 пати дневно. Се консумира со топла вода или чај.

За подобро варење

Одлична е за стомакот и цревата, го подобрува варењето, а може да помогне и кај лицата кои имаат проблеми со чир на желудник.

Против ревматизам

Свежите листови на чичката можат да ги користат лицата кои страдаат од ревматизам, во вид на облоги.

Исто така се користи и како лек против болки во коските, а позитивно делува на здравјето на црниот дроб и срцето. Чичката се препорачува и кај дијабетичари, а се верува дека нејзината редовна употреба може да го регулира нивото на шеќер во крвта.

SHARE