Руски научник: Оние кои заболеле од грип имаат малку шанси да се заразат со ковид-19

Прочитај за: < 1 минута

Помеѓу 10 и 15 отсто од населението во Русија е имуно на коронавирус и тој имунитет може да трае неколку години, тврди водечкиот руски микробиолог Петар Чумаков, експерт од Институтот за молекуларна биологија за Енгелхард при Руската академија на науките.

Според неговите зборови, тоа е можно ако лицето имало друг коронавирус.

– Можеби таа личност сè уште има Т-клетки, односно клеточен имунитет кој што го препознава и новиот коронавирус, таа личност е заштитена од повторна инфекција – рекол Чумаков во интервју за агенцијата УРА.РУ.

Чумаков исто така тврди дека луѓето кои неодамна имале грип имаат мали шанси да се заразат со коронавирусот затоа што во нивната крв имаат многу антивирусен протеин интерферон, кој ја спречува новата инфекција, пренесува ТВ Ѕвезда

SHARE