Д-р Брус Липтон, молекуларен биолог: Како да воспитате дете во првите седум години од животот?

Со оглед на тоа што првите седум години се всушност одлучувачки за животот на детето, што им советувате на родителите, како да го одгледаат своето дете?

– Дури 80-90 отсто од луѓето немаат позитивен резултат на тестот за љубовта кон себеси бидејќи нивните родители биле многу критични кон нив. Ги критикувале, им викале, им велеле: „Не си доволно добар! Не го заслужуваш тоа! Што мислиш, кој си?“
Дете на возраст до седум години не ја разбира критиката, но ја „снима“. Многу работи што сме ги слушнале од родителите ни одземаат моќ. Ако нè критикуваат, и ние се критикуваме себеси и не можеме никогаш да бидеме доволно добри. Затоа, ако сакате да бидете добар родител, најважно е да разговарате со детето и да бидете што поблиски со него. Културите во кои детето се држи, се носи, се мирни култури бидејќи бебето добива потврда за љубовта и безбедноста. Колку повеќе го држите бебето и го сакате, толку посигурно ќе се чувствува тоа во светот, а тоа е многу важно. Бидејќи, ако живееме во страв, тоа е сосема друг свет. Освен тоа, кога му зборувате на детето, запомнете, секој збор што ќе му го кажете како да е снимен на видеорекордер.

Затоа најдобриот начин за одгледување на детето е да му повторувате што почесто – сакан/а си, паметен/а си, моќен/а си. Задачата на умот е да создаде искуство во согласност со потсвеста. Ако имате негативно верување во животот, умот ќе создаде негативни искуства, и обратно. Ако го храните детето со позитивни верувања, тогаш неговото однесување ќе доаѓа од позитивен, моќен свет. Ако го критикувате, тогаш критиките ќе ја преземат моќта. Морате да го запомнете овој таен дел. Само 5 отсто од нашиот живот доаѓаат од свесниот ум, а 95 отсто од потсвеста. Затоа, ако сте мајка и мислите: „Јас ќе бидам свесен родител, ќе го сакам моето дете“ – тоа се само оние 5 отсто што произлегуваат од свесниот ум, а оние 95 отсто ќе бидат исти какви што сте ги добиле од вашите родители. Однесувањето се пренесува од генерација на генерација. Потсвесно ја вртите истата програма што сте ја добиле од вашите родители. Затоа, за да бидете добар и совесен родител, морате да ги промените потсвесните програми. Тоа е единствен начин да го прекинеме циклусот на пренесување штетни програми на потсвеста.

Ќе ви дадам пример колку е моќна таа програма. Кога детето ќе биде посвоено во семејство во кое неколку генерации имале рак, и тоа ќе го добие истиот „семеен“ рак како да е нивно родено дете, иако има целосно различни гени. Значи, ракот не го предизвикуваат гените, туку однесувањето што се пренесува од родителите на децата, животниот стил, уверувањата – оттаму доаѓа болеста. Затоа, кога сакаме да излекуваме некоја болест, треба да го промениме нашиот систем на верувања.

Што всушност е плацебото? Мислиме: „Ова апче ќе ме излекува, верувам во тоа бидејќи докторот така ми кажа“. Го пиеме апчето и заздравуваме. А всушност испивме плацебо. Тогаш, што е тоа што нè излекувало? Верувањето дека тоа е апче. Тоа се нарекува плацебо. Тоа се темели на позитивно верување. А што се случува кога верувањето е негативно, ако веруваме дека апчето ќе нè убие, а сепак да станува збор за лажно апче? Би можеле да умреме. Тогаш, што го предизвикува лекувањето или смртта? Верувањето. Многумина не знаат дека негативните верувања што ги имаме ни го земаат здравјето. Но, тие верувања можеме да ги промениме.

Јас живеам меден месец на Земјата повеќе од 20 години бидејќи ги елиминирав негативните верувања што ми создаваа пекол во животот и усвоив позитивни со кои сакав да создадам рај во животот. Кога имам негативно верување, мојот ум ќе создаде негативен свет и лошо здравје, а ако усвојам верување за среќа, радост, љубов, задачата на мојот ум е да го создаде тоа.

Автор: Снежана Крчмар izvor – deca.mk

loading...
SHARE