САД ја повика Кина на соработка и транспарентност околу потеклото на коронавирусот

Прочитај за: < 1 минута

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ја повика Кина да „соработува“ и да биде „транспарентна“ за потеклото на Ковид-19, додека Вашингтон се обидува да утврди дали коронавирусот може да потекнува од несреќа во кинеска лабораторија.

Во телефонскиот разговор со неговиот кинески колега Јанг Џиечи, тој ја потенцираше „неопходноста“ од продлабочување на истрагата на експертите на Светската здравствена организација и Кина за потеклото на вирусот по критиките за првата мисија, соопшти американскиот Стејт департмент. На крајот на мај, американскиот претседател Џо Бајден ја повика американската
разузнавачка служба, која досега не беше во можност да одлучи меѓу тезата за животинското потекло на вирусот и протекување од кинеската лабораторија…

Блинкен, исто така, го повика Пекинг да стави крај на својата кампања за притисок врз Тајван и да ги реши проблемите на тој остров на мирен начин. Тој ја изрази „загриженоста“ на САД во врска со „геноцидот и злосторствата против човештвото што е во тек“ насочени кон Ујгурите, мнозинско муслиманско население во кинеската провинција Синџијанг.

Тој зборуваше и за влошувањето на „демократските норми во Хонг Конг“. Ова е прв разговор меѓу двајцата официјални лица по нивната многу тензична средба во март во Енкроџ на Алјаска, кога двете големи ривалски сили ги изложија своите несогласувања пред камерите на светот, давајќи впечаток дека овој раскол е невозможен да се надмине, потсетуваат американски медиуми.
МИА

SHARE