Се почести компликации по прележувањето на коронавирусот, треба да се проверат овие седум симптоми

Прочитај за: < 1 минута

Луѓето кои имале Ковид во изминатата година, според научно истражување, треба да бараат знаци на нови потенцијални несакани ефекти. Оние кои прележале коронавирус имаат 46 отсто поголеми шанси да развијат дијабетес тип 2 по позитивен тест.

Д-р Феј Рајли од Дијабетес центарот во Велика Британија вели дека коронавирусот може да предизвика дијабетес тип 2, но сè уште не е јасно дали вирусот предизвикува нови случаи на дијабетес тип 2, открива недијагностицирани случаи или привремено го зголемува нивото на шеќер во крвта.

Дали сте во опасност?

Дијабетесот тип 2 може да остане неоткриен некое време бидејќи симптомите често се отсутни. Може да бидете во неволја доколку:

1. Мокрите повеќе од вообичаено, особено навечер

2. Постојано сте жедни

3. Многу сте уморни

4. Сте изгубиле тежина без да сакате

5. Имате чешање околу полните органи

6. Сте добиле исеченици или рани за кои е потребно долго време да зараснат

7. Имате заматен вид