СЕ ПОЈАВИЈА УШТЕ ДВА ВИРУСИ СЛИЧНИ НА КОРОНАТА: Ситуацијата се менува од час во час

Прочитај за: < 1 минута

Министерот за здравство на соседна Србија, Златибор Лончар, изјави дека бројот на заразени деца се менува од час во час, дека има многу позитивни деца од училишна возраст и дека, според она што може да се види сега, тие се сериозни носители на болеста. Истовремено, тој предупреди и на појава на уште два нови вируси кои се слични на корона вирусот.

– Од друга страна, се појавија уште два вируси слични на корона, во очекување сме и на сезонскиот грип – предупреди Лончар во Ниш.

На прашањето зошто на здравствените институции на југот на Србија им е забрането да ги објавуваат бројките на починатите од ковид, Лончар вели дека не знае зошто е тоа така.

– Можно е фактот дека имавме несогласувања, на пример, пациент од Врање почина во болница во Ниш, така што се зема предвид дека починал и во Ниш и во Врање – објасни Лончар и нагласи дека властите немаат причина да кријат бројките.

SHARE