
Живата комуникација е од големо значење во развојот на едно дете. Тоа е вредност која треба да се употребува секој ден, да се негува и да ни стане како навика во секојдневието. Има најразлични видови на комуникации, но во денешно време се има јавено т.н. модерна комуникација, современа форма на комуницирање преку мобилни уреди. Тоа е употребата на паметните телефони, лаптоп, компјутер… Уште на почеток сакам да напоменам дека детето не може да се научи да зборува ако употребува мобилен телефон во рацете, ако постојано си игра со телефонот, гледа во мобилните слики, игрички, музички спотови, каде се им е шарено и живописно. Вистина е дека сите сме поврзани со современите технологии, но таквата форма на комуникација не им оди во прилог на малите деца кои не научиле да зборуваат, или едноставно кажано не е наменета за сосем мали деца, туку е за возрасни. Целта на овие уреди е да се воспостави контакт со друго лице, да се споделат или разменат информации со други луѓе.
Недостатокот од жива комуникација претставува еден од факторите детето да се повлече и да сака да биде само. Ќе се добие атмосфера да нема да сака да зборува, па и тие зборови кои ги научило претходно ќе ги заборави и воопшто нема да сака да зборува, ќе почне да прави отпор воопшто спрема говорот. Доколу на детето не му се зборува може да го изгуби мотивот за говор или желбата да се насмевне или да се сврти доколку го повикувате.
Живата комуникација – лице во лице – очи во очи, е повеќе од потреба за раниот детски развој. Затоа што освен со зборови ние кога комуницираме употребуваме и невербални форми на комуникација, а тоа е преку насмевка, поглед, допир, трепкање со очи и др. Сето ова прави да се стимулира мозочната активност кај детето и тоа уште во периодот пред да прозбори. Младиот мозок се развива и станува приемлив за совладување на говорот, како психички процес. Преку живата комуникација се развива центарот за говор, се развиваат и преостанатите структури на мозокот, значи се стимулира севкупниот психомоторен и говорен развој на детето. Преку живата комуникација детето гледа во лицето на својата мајка и ја прати како таа реагира на неговото однесување, гледа дали е расположена или не е расположена. Упорно ја следи дали е лута или пак тажна. Од изразот на лицето малото дете, всушност учи, може од изразот на нејзиното лице да научи многу работи, да научи како се смее, како се подигаат веѓите, како се трепка со очите, да го научи изразот на чудење, изразот на несогласување и многу други работи. Сето ова ќе му користи за понатаму кога се учи да зборува и да комуницира со околината.
Доколку се избегнува живата комуникација и детето се остава со саати со мобилниот телефон во рацете, тоа развива еднонасочна комуникација, гледа само во една содржина која ја има во телефонот, во цртаниот филм, се активираат само очите, и на тој начин му се оневозможува развивање на преостанатите структури на мозокот, значи кај детето се поттикнува само визуелниот дел, визуелниот свет, при што го губи и фокусот, мозочните функции па и говорот… Говорот почнува бавно да се развива, а кај некои деца говорот и престанува да се развива.
Затоа живата комуникација е потребна да се поттикне детето на говор. Кога е разиграно со своите родители, тоа прима најразлични дразби, може да разбере што му се зборува, гледа во очи, се насмевнува кон родителите.. или се што прават, прават заедно….
Повеќе на темата прочитајте тука:
СЛАЃАНА ТРАЈКОВА, МАСТЕР ЛОГОПЕД: Само живата комуникација го поттикнува детето на говор